Кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ во Бутел од утре до 20 декември 2015 година, ќе биде затворен за сообраќајот. Соообраќајот ќе биде целосно стопиран од утре во 08.30 часот наутро и сиот превоз ќе биде пренасочен во наредните 10 дена по улицата „Цетинска“ и подвозникот на булеварот „Христијан Тодоровски- Карпош“, информираат од Град Скопје.
Автобуските линии со броевите 57, 47, 47а, 61, 71, и 8, исто така ќе се пренасочат во посочениот период, по улицата „Цетинска“ и подвозникот на булеварот „Христијан Тодоровски- Карпош“.
Стопирањето и пренасочувањето на сообраќајот кај кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ се воведува поради изградбата на големата атмосферска канализација кон улицата „Александар Урдаревси“, и затоа Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa времено воведениот сообраќаен режим и воедно се заблагодарува за разбирањето при реализацијата на овој голем инфраструктурен проект од големо значење за целиот реон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.