| четврток, 6 декември 2018 |

Пленумот троши илјадници евра за лажна грижа за студентите

Студентскиот пленум кој на секој можен начин е потпомогнат од Младинскиот Образовен Форум, организација финансирана од СОРОС, денес започна со реализација на тридневен фестивал.

Имено како што може да се види од најавената програма на фестивалот ќе земат учество 15-тина диџеи и музички артисти. Според пазарната логика доколку се земе во предвид дека треба да се обезбеди озвучување, банери и други материјали за најавените работилници, за еден ден би се потрошиле најмалку 15.000 евра, односно околу 50.000 евра за тридневниот фестивал.

Со оглед на тоа што МОФ и другите слични организации, добиваат средства од СОРОС преку Институтот Отворено Општество на годишна основа, се поставува прашањето дали парите мора набрзина да се потрошат пред да заврши тековната година, макар и на тотално бесцелни активности.

Инаку Младинскиот образовен форум, кој што ќе земе активно учество и логистичка поддршка на Фестивалот организиран од Студентскиот пленум, годишно добива околу 250.000 евра од Институтот Отворено Општество на Владимир Милчин. Таквата помош е значително зголемена во последните неколку години.

Младите лица, пред сé студентите очекуваат средствата да се користат за конструктивно помагање, грижа и подобрување на животот на оваа категорија граѓани, а не за безмислени настани. Тоа резултираше со денешниот дебакл за посетеноста на фестивалот на кој што имаше едвај 30-тина лица.

Оттаму се поставува прашањето дали вреди 50.000 евра да бидат потрошени на ваков настан, или средствата да се искористат за конкретни работи?

Овие средства се доволни за реконструирање на некоја библиотека, читална или за реновирање на други простории на некој од факултетите, се дел од реакциите на студентите на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top