| четврток, 6 декември 2018 |

Најмногу се умира од рак на бели дробови

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) најмногу се умира од рак на белите дробови и кај двата пола. Кај мажите потоа е рак на простата, а кај жените рак на дојка. Чест е и рак на дебело црево. Постојат повеќе од 100 вида канцер, а секој дел на телото може да биде нападнат.

Канцерот е трет по големина убиец на луѓето, веднаш зад срцевите болести и мозочниот удар. Сепак, оваа болест се перцепира како најлоша поради извесната и очекувана смрт, како и поради мачните терапии како што се зрачењето и хемотерапијата. Се претпоставува дека во следните 50 години секој трет човек на планетата ќе заболи од овој вид рак, а повеќе од 30 отсто од случаите може да се спречат со усвојвуање здрави навики како вежбање и откажување на цигари и од алкохол.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top