| четврток, 6 декември 2018 |

Изаири: Покрај возилата, и домаќинствата се големи загадувачи

воздух

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска изјави дека, според најновите истражувања, едни од најголемите загадувачи на воздухот, покрај возилата, се и домаќинствата. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за спроведување на проектот на ИПА за рехабилитација на канализациската мрежа во Куманово, Изаири рече дека е запознаен со проблемот со загадувањето, но Министерството не е ангажирано на решавање на само еден проблем, туку е надлежно и се ангажира на повеќе проблеми и на нивно решавање чекор по чекор.

Според него, има некои мерни станици во државата што не се во функција поради недостиг од некои делови, но јавната набавка ќе заврши.

-­ Некои мерни станици се стари, а ние размислуваме за в година. Освен да се поправат и обноват со нови мерни инструменти ќе имаме и пософистицирани мерни апарати и ќе ја прошириме низ целата држава – рече Изаири.

Тој е запознаен, како што нагласи, и со тоа дека во Куманово не функционира мерната станица, но во брзо време, веднаш по јавниот повик за дотур на елементи кои недостигаат, повторно ќе биде ставена во функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top