Островот Скорпиос кое што беше во сопственост на грчкиот милионер Аристотел Оназис е продадено на анонимен руски бизнисмен за 153 милиони долари објавува порталот Бизнис Инсајдер.
Островот во 1962 година го купил Оназис за 15,000 долари а тоа стана светски славно кога таму се одржа церемонијата на венчавката со поранешната прва дама на САД Џеки Кенеди која во 1968 година се омажи со грчкиот милијардер. Според Дејли Меил островот сега го продала внуката на Оназис Атина Оназис Расел. Првично островот требало да му биде продадено на Емирот од Катар но продажбата пропаднала кога Расел одбила да ја спушти првичната цена од 260 милиони долари. Според британскиот весник Телеграф наместо овој остров катарскиот Емир купил 6 други острови за околу 11 милиони долари.
Засега е непознато кој е рускиот милијардер кој го купил островот на Оназис кој се наоѓа во Јонското Море а на кое покрај прекрасните плажи има и густи шуми во внатрешноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.