Во чест на десеттогодишниот директен пренос, „Метрополитен“ ја претставува првата опера со која почнаа преносите во живо во висока резолуција – „Волшебната флејта“.
Операта „Волшебната флејта“, која за многумина е симбол на сила за целокупната музичка уметност, а истовремено и една од најголемите ремек-дела на оперската литература, е прво остварување на оваа алтернативна уметност која е прикажана на големите платна во кината низ светот од Метрополитен операта.
Влезете во магичниот свет на танцувачката мечка, џиновската птица и шарените авантури во најпопуларното Моцартово остварување „Волшебната флејта“. Оваа скратена верзија, во траење од 100 минути, испеана на англиски јазик е совршено дело за љубителите на операта за сите возрасти. Џули Тајмор, добитник на многу награди, е задолжена за режијата, додека музички директор на Метрополитен операта, Џејмс Ливајн го диригира ова дело.
ВОЛШЕБНАТА ФЛЕЈТА (Снимка)
САБОТА, 12. ДЕКЕМВРИ 2015 – ВО 18:55 часот
Композитор: Волфганг Амадеус Моцарт
Диригент: Џејмс Ливајн
Режисер: Џули Тајмор
Улоги: Јинг Хуанг, Ерика Миклоса, Метју Полензани, Рене Папе, Нејтан Гaн
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.