Светската модна сцена во деведесетите години во своите редови имаше фантастични манекенки кои и ден-денес се синоним за убавина. Во тоа време и домашната модна сцена имаше со што да се пофали. Најпрестижен избор за убавина, секако, беше оној за Мис на Македонија, а Татијана Стојановска, Александра Петровска, Андријана Ацевска, Вера Мештеровиќ, Ана Биновска, Делфина Зафирова, Емилија Колевска, Сања Николиќ, Марија Васиќ… се само дел од убавиците кои ја имаат понесено оваа титула.
Најубавите Македонки некогаш беа “закон” во државава, а од нивното име почнуваа и завршуваа сите муабети врзани за трендовите и младоста. Денес ниту една од нив не се занимава со манекенство, речиси сите живеат во целосна анонимност, со исклучок на Татијана и Сања кои работат јавни професии. Еве каде се и што прават денес некогашните мисици…
Татјана Стојановска – Мис на Македонија 1992 година
Татјана Стојановска е првата мисица на независна Македонија. Таа денес работи како тв презентерка на вести, а за изборот во далечната 1992 година вели дека и донел само позитивни работи во животот.
Победата ме извади од анонимноста, ме внесе во јавноста и го одреди текот на мојот живот.Тогаш можеби и не бев свесна, но еве веќе долги години другарувам со гледачите и иако завршив Економски факултет, се најдов себеси во ова што го работам денес и мое мислење е дека треба да се искористат младоста и убавината за да се реализираат сопствените желби”, вели Тања.
Александра Петровска – Мис на Македонија 1996 година
Александра Петровска која ја зеде круната во 1996 година манекенството го остави зад себе.
Манекенството за мене, всушност, претставуваше нешто што беше од привремен карактер, зашто од него многу тешко може да се живее. Се уште со задоволство се сеќавам на победата и круната, тоа беше едно многу убаво искуство за мене, период во кој се беше супер, забавно, интересно, едноставно, тогаш некои работи можеа полесно да се добијат… “, откри ексмисицата во едно интервју.
Во 2001 година стана и госпоѓа Тотиќ, но се раздели од сопругот Аки со кого ја има ќерката Иман, која е крстена по сопругата на Дејвид Боуви, познатата манекенка Иман.
Во моментов работи во протоколот на Управата за цивилна воздушна пловидба, а своевремено за неа се шушкаше и дека е во врска со Владо Јаневски.
Андријана Ацоска – Мис на Македонија 1997 година
Во листата на најубави Македонски е запишано и името на Андријана Ацоска, победничка на изборот во 1997 година, чија популарност се должи и на подоцнежното членување во сексапилното и озборувано дуо – “69”. Пред четири години се омажи и оттогаш е отсутна од јавниот живот.
Сања Николиќ – Мис на Македонија 2000 година
Сања Николиќ во 2000 година ја понесе титулата- најубава Македонка. Во тоа време ниту една домашна ревија не поминуваше без неа, а имавме можност да ја видиме и во неколку музички спотови.
Денес работи како пи-ар и има своја маркетинг агенција. Во брак е со раперот Слаткар со кого пред да се омажи беше во врска неколку години.
Марија Васиќ – Мис на Македонија 2003 година
Поранешната манекенка и Мис на Македонија ужива во мајчинството и максимално е посветена на синовите Владо и Виктор и, нормално, сопругот.
Извор: Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.