Загадениот воздух ги наполни болниците. Од Институтот за јавно здравје предупредуваат дека состојбата е алармантна. Бројот на белодоробни и на кардиоваскуларни заболувања се зголемил од 30 до 40 роценти, а статистиката покажала дека повеќе од илјада луѓе годишно умираат како последица на загадувањето.
Лекарите предупредуваат дека освен ризичните категории граѓани, цел се и пушачите, кај кои се зголемува ризикот од мозочен или срцев удар.
Според анализите што ги прават стручњаците за животна средина Скопје е најзагадена метропола на балканот. На скалата според нивото на загаденост, најдобри резултати покажува Софија, каде што е регистрирана средно ниво на загаденост. Српската метропола, Белград регистрира средно ниво на загаденост, каде што концентрацијата на штетните ПМ10 честички е за неколку мерни единици над нормалата. Во групата на малку загадени балкански градови влегува и Загреб со средно ниво на загаденост.
Скопје е град каде што во последните десет ден состојбата на штетните ПМ честички во воздухот е над дозволеното. Според 17 мерни места низ Македонија каде што се врши мерењето, состојбата со аерозагадувањето е алармантна. Болниците се преполни, 30 до 40 проценти се зголемуваат заболувањата кај луѓето благодарение на нечистиот воздух. Еден од најголемите виновници што придонесува за зголемување на аерозагадувањето е самото население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.