Во Осло, Норвешка, денеска ќе се одржи церемонијата за доделување на Нобеловата награда за мир, чиишто годинашни лауреати се четири граѓански асоцијации, кои придонесоа за спроведување на демократската транзиција во Тунис.
Покрај Лигата за човекови права, годинашни добитници на Нобеловата награда за мир се и Туниската конфедерација на индустријата, трговијата и занаетчиството, Тунискиот генерален синдикат на трудот и Туниската адвокастка организација.
Церемонијата ќе се одржи попладнево во Градското собрание на Осло и на неа ќе присуствуваат и норвешкиот крал Харалд и членови на Владата на Норвешка.
Нобеловите награди за медицина, физика, хемија, книжевност и економија ќе бидат доделени подоцна попладнево на церемонија што ќе се одржи во шведскиот главен град Стокхолм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст