| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да се плаќа данок за донациите преку мобилен телефон

 мобилен

Даночно ослободување со право на одбивка на претходниот данок за услуги од страна на телекомуникациски оператор со кои се овозможува донирање финансиски средства преку отворен специјален телефонски број за донации наменет за хуманитарни цели, предвидуваат последните измени и дополнувања на Законот за додадена вредност, кои се веќе доставени до Собранието.

Според Министерството за финансии, кое е предлагач на законските измени, на овој начин, ќе се овозможи цените на услуги од страна на телекомуникациски оператор со кои се овозможува донирање на финансиски средства преку отворен специјален телефонски број за донации, да бидат ослободени од данок на додадена вредност со што директно ќе се влијае на намалување на цените на овие услуги.

– Воедно, давателите на донација со предложениот закон ќе се охрабрат да донираат повеќе средства за примателите на кои тоа им е потребно, со што директно се стимулира на филантропијата во Република Македонија – велат од министерството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top