Македонската економија е на прав пат и се движи со солиден чекор напред иако во однос на претходните шест месеци бележи мало опаѓање поради политичката и бегалската криза, како и поради ситуацијата во Грција.
Ова е генералната оценка што денеска ја изнесоа Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Меѓународниот монетарен фонд во Скопје и Канцеларијата на Светска банка.
– Македонската економија расте, особено приватниот сектор. Наивно е да се верува дека политичката ситуација нема влијание, но оној што решил да прави бизнис тука, нема да се откаже зашто освен политичките, ги земал предвид и сите останати фактори, изјави претседателот на Советот Штефан Петер по презентацијата на последните извештаи на ММФ и Светска банка за резултатите и проекциите за развој на македонската економија во Комората.
Според претставникот на ММФ Патрик Житон, Македонија може да воведе среднорочни фискални цели. – Тема на извештајот беше структурата на буџетот, како таа да се направи погодна за пораст и инвестици, како да се дојде до продуктивно трошење во однос на здравството, инфраструктурата,…, рече Житон.
Претставникот од Канцеларијата на Светска банка Бојан Шимбов смета дека добродојдени се политики кои поттикнуваат забрзан раст во наредните години кои ќе доведат до креирање нови, подобри работни места. – Проекциите на Светска банка за 2015 година се 3,2 процента што е солиден раст во рамките на регионот. Како што е напоменато за регионот, невработеноста се уште останува структурен проблем, особено невработеноста на младата популација, рече Шимбов.
Извештаите на ММФ и Светска банка се однесуваа на состојбите во централна и југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија. Во регионот овие институции бележат забрзан економски раст поттикнат од зголемената побарувачка и извозот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст