| четврток, 6 декември 2018 |

Вахабист се заканил дека ќе убива за Нова година

Вахабист се заканил дека за Нова година ќе убие најмалку 40 луѓе. По ваквите закани жителите на Корај во БиХ живеат во страв.

vahabist

Мажот кој им се заканува има прекар Пухавац, претходно живеел во населбата Корај, а поради облекувањето и начинот на кој го вршел верскиот обред бил избркан од џамијата. По тоа, Пуховац го напуштил тоа место.

– Исплашени сме и се надеваме дека некој ќе го сопре мажот кој му се заканува на народот. Не смееме да дозволиме терор во државата и затоа мора да ја предупредиме јавноста со заканата со која сме соочени. Некој мора да реагира, нашата безбедност е загрозена – рекле жителите за босански Аваз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top