| четврток, 6 декември 2018 |

Апокалиптично пророштво на ИСИЛ: Еве каде ќе биде нивната последна битка

Испраќање копнени сили во Сирија директно ќе го исполни апокалиптичното пророштво на ИСИЛ, после кое ќе станеме посилни, тврди еден од водечките стручњаци за Исламска држава.

Додека поддршката во јавноста за испраќање војска во Сирија во борба против исламистите е сѐ поголема и откако Велика Британија одлучи да учествува во воздушните напади на Сирија, Жан-Пјер Филиу, професор за блискоисточни односи во Париз, наведува за „Њујорк тајмс“ дека копнените сили биле најлошата замка во која може да падне меѓународната заедница.

Според извадоците од скриптата на ИСИЛ за Исламска држава, нивното темелно верување е дека конечната борба ќе се случи во градот Дабиг во Сирија меѓу припадниците на Исламската држава и неверниците, со што ќе се означи почетокот на крајот.

ИСИЛ својот пропаганден весник го нарече според таа „ветена“ борба и во секој број од „Дабиг“ го цитираат својот основач Абу Мусаб ал-Заркави: „Искрата е запалена во Ирак и со дозвола на Алах ќе се шири без престан додека не ги запали освојувачките војски во Дабиг“.

-Поради ова „пророштво“ најлоша одлука е да се оди во акции на копно – тврди Филиу, автор на книгата „Апокалипса во исламот“.

-Тие сакаат војска на копно бидејќи тоа сценариот веќе го предвиделе. Тоа е многу моќно и емотивно предвидување. „Пророштвото“ на потенцијалните нови џихадисти и овие сегашниве не дава само чувство дека се дел од нешто посебно, дел од елитата, туку дека ќе бидат дел од завршната битка, продолжува Филиу.

-Пророштвото мора да се „поништи“. Тоа може да се постигне со воена акција која ќе ги растресе, налик на освојувањето на Рака, но тоа мора да го направат локалците – тврди Филиу.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top