| четврток, 6 декември 2018 |

Страв од огледало,пеперутки, закачалки: Бизарни фобии на познатите (фото)

Голем број на луѓе има развиено страв од нешто. Причините за фобиите може да бидат од оние нормалните и оправданите  па се до оние бизарните.

3-Chudnite-fobii-na-poznatite-lichnosti-kafepauza.mk_

Така на пример сопственичката на хитот „Хелоу“ има страв од галеби. Адел  не може да поднесе да се најде во близина на овие птици,а стравот го развила уште како девојче кога галеб ја нападнал и го грабнал сладоледот. Скарлет Јохансон токму како и Адел има страв од птици кои ја нападнале  додека била малечка.

13-Chudnite-fobii-na-poznatite-lichnosti-kafepauza.mk_

 

 

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам е „алергичен“ на неред. Тој е опседнат со тоа и не може да престојува во просторија каде работите се растурени.

mr-porter-david-beckham-3-810x540

Кајли Миног има страв од закачалки. Таа и самата е свесна дека нејзиниот страв е бизарен но како што изјавила не може да става работи на закачалка и да ги става во орман. Пластични, дрвени, метални, таа се плаши од сите закачалки.

16-Chudnite-fobii-na-poznatite-lichnosti-kafepauza.mk_

Били Боб Тортон се плаши од антички мебел. „Можеби во минатиот живот некој ме има пр.етепано до смрт со старомодна столица. Но, сериозен сум, не можам да јадам околу антички предмети. Ме гушат“ – има изјавено Тортон.

Чудните фобии на познатите личности

Опра се плаши од гуми за џвакање. Стравот на Опра е толку екстремен, што таа го забранува џвакањето мастики од моментот кога ќе влезе во зградата каде што се снима нејзиното шоу. Таа оди толку далеку, што ја фрла целата чинија, доколку некој гостин ја остави мастиката на неа додека вечера.

Чудните фобии на познатите личности

Памела Андерсон се плаши од огледала.И покрај тоа што поранешната ѕвезда „Чувари на плажата“ (Baywatch) не се плашеше да го истакне нејзиното тело на насловната на Плејбој 11 пати, таа сепак е тотално преплашена од нејзиниот одраз во огледало. Таа исто така, избегнува да се гледа себеси на телевизија.

Чудните фобии на познатите личности

Орландо Блум се плаши од свињи. Кога едно прасенце било одврзано на снимањето на филмот „Kingdom of Heaven“, Орландо Блум, како што се тврди, избегал колку што можел побрзо.

Чудните фобии на познатите личности

Кајра Сегвик се плаши од храна којашто зборува.Според нејзиниот сопруг Кевин Бејкон, Кајра се ужасува од анимирана храна којашто зборува. Нејзината фобија е толку лоша, што кога гледа ваква реклама, мора веднаш да ја напушти просторијата.

Чудните фобии на познатите личности

Тајра Бенкс се плаши од делфини.„Се плашам од нив од мои 8 или 9 години. Сонувам дека сум во базен со делфини и тие се удираат во мене, а јас сум преплашена“ – изјавила Тајра.

Чудните фобии на познатите личности

Алфред Хичкок се плашел од јајца.Доста чудна фобија за човек кој направи кариера снимајќи страшни сцени.„Престрашен сум од јајца, од таа бела обвивка без дупки… Сте виделе ли некогаш нешто погрозно од тоа кога ќе се скрши жолчка од јајце и од неа ќе почне да се излива жолта течност?“ – изјавил еднаш Хичкок.

Чудните фобии на познатите личности

Никол Кидман се плаши од пеперутки. Актерката вели дека нималку не се плаши од змии или од пајаци, но е преплашена од пеперутки. Како дете таа се прекачувала преку огради и ползела околу куќата, за да ја избегне влезната капија каде што честопати имало пеперутки.

Чудните фобии на познатите личности

Метју Меконахи се плаши од врати на вртење.„Станувам анксиозен кога сум во присуство на врати коишто се вртат“ – вели Конахи. Исто така се наежува од тунели.

Чудните фобии на познатите личности

Кијану Ривс се плаши од темнината. Можеби Кијану успеа да го преживее Матриксот, но овој актер не може долго време да издржи во темна соба. Тој е непоправлив скотофобик, што значи дека е смртно исплашен од темнината.

Чудните фобии на познатите личности

Хелен Мирен се плаши од зборување преку телефон.Англиската актерка премногу се плаши од телефони. „Телефонот ме прави многу нервозна. Секогаш кога можам избегнувам да кренам слушалка. Откривањето на телефонската секретарка беше прекрасен изум“ – изјавила англиската актерка.

Чудните фобии на познатите личности

Пи Диди се плаши од ножни прсти. „Јас навистина се плашам од втор подолг прст на нозете“ , изјавил Диди.

Чудните фобии на познатите личности

Камерон Дијаз се плаши од кваки. Таа одбива да ги допре рачките на вратите. За среќа, во моментов е доволно позната и богата, па можеби си има личен отворач на врати.

Чудните фобии на познатите личности

Меган Фокс се плаши од хартија. „Едноставно не можам да поднесам сува хартија. Скрипти, весници и сè што не е пластифицирано, не можам да го допрам со моите раце“ – вели актерката.

Чудните фобии на познатите личности

Роберт де Ниро се плаши од забар. Се шушка дека јакиот холивудски маж е смртно преплашен од посетите на забар. Тој верува дека забната опрема може и ќе предизвика болести во иднина.

Чудните фобии на познатите личности

Ники Минаж се плаши од ескалатори.Во текот на галата на НБА во Лос Анџелес во 2011 година, Ники Минаж предизвикала сцена кога одбила да се качи со ескалатор. Нејзината фобија сè уште е мистерија.

Чудните фобии на познатите личности

Кристина Ричи се плаши од домашни цвеќиња.„Тие се валкани. Имам одбивност од фактот дека има растенија во затворен простор. Тоа ме полудува“ – вели Ричи.

Чудните фобии на познатите личности

Вуди Ален се плаши од сè. Лифтови, инсекти, светли бои, височина, сончева светлина, деца, кучиња… Тој исто така страда и од аракибутирофобија (страв путер од кикирики да не се залепи на горното непце од устата).

(20) Chudnite fobii na poznatite lichnosti-kafepauza.mk

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top