| четврток, 6 декември 2018 |

Контроверзна руска балерина добила отказ бидејќи е предебела по што решила да одмазди (фото)

Балерината Анастазија Волчкова повеќе од една деценија повеќе привлекува медиумско внимание поради нејзините контроверзни постапки и изгледот отколку со уметничките достигнувања.

инстаграмбалерина

Волчкова постигна голема популарност со нејзиниот профил на „Инстаграм“ каде што не се срами да го покажува бујното деколте. Меѓутоа, сите коментари не се позитивни, па така некои коментираат дека таа изгледа двојно помала од нејзините гради.

Тоа, пак, ги поттикна шпекулациите кои се поделија во два табора – едните сметаат дека балерината ги зголемила градите, а другите дека само се здебелила неколку килограми.

волч1

Триесет и деветгодишната Русинка беше една од главните теми во медиумите кога лани, нејзиниот седум години постар сопруг, бизнисменот Бакхтариј Салимов, завршил во болница по жесток секс.

Меѓутоа, за Волчкова светот дозна откако во 2003 година добила отказ во театарот Бољшој „бидејќи била предебела“.

волч2

Балерината не се откажала и го добила судскиот спор против театарот со оглед дека имала само 47,5 килограми по што била вратена на работа. Многумина во тоа време шпекулираа дека не се работело за тежината, туку дека Волчкова со нејзините 170 сантиметри е превисока за балерина.

Пред две години јавно истапи обвинувајќи  го директорот Анатлиј Иксанов дека Бољшој го претворил во „голем бордел“ каде на балерините им се закануваат со отказ доколку одбијат да спијат со богатите олигарси. И самата навела искуства во кои морала на вечери да им прави друштво на непознати мажи, но како што кажала, не прифатила да има сексуални односи и покрај заканите дека ќе добие отказ.

волч3

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top