| четврток, 6 декември 2018 |

„Засолниште“ вечерва на „ Македокс“

„Македокс“ и „Докувизија“ вечерва го претставуваат филмот „Засолниште” на Фернанд Меглар. По четирите успешно реализирани кино-средби во рамки на проектот „Докувизија“, на ред е петтото кино-дружење, последно за оваа година.
На 9-ти декември (среда), во Џебното кино-МКЦ во 20 часот, ќе биде прикажан филмот„Засолниште“ на швајцарскиот документарист Фердинанд Меглар. Мотивиран од миграциите и лажното гостопримство на Европа, филмот говори за социјалните тегоби во современите општества и човечката резигнираност како одговор на истите.
Домаќин на настанот е хрватската филмска организација Restart Documentary од Загреб. Како и досега, и оваа филмска приказна истовремено ќе биде прикажана во Љубљана, Загреб, Белград,Призрен и Подгорица.
По филмот ќе се одржи дискусија со тимот од „Македокс“ и публиката од останатите градови. Бујрум!

Студената зима пристигнува и во државното засолниште за бездомници во Лозана.Ова место треба да понуди топол оброк и кров над глава за сите луѓе кои тоа го немаат.Но редовните станари во прифатилиштето се премрзнатите мигранти кои го сонуваат швајцарскиот рај со отворени очи и празен стомак.Доколку преноќат на улица, ќе бидат строго казнети.Прифатилиштето има ограничен капацитет од 100 души па затоа одговорните лица се приморани да направат селекција меѓу стотиците несреќни бездомници, мигранти, невработени. „Избраните“ 50 ќе добијат топла храна и кревет а останатите знаат дека ги чека долга, студена ноќ…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top