| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока тепачка помеѓу фудбалерите на Динамо и Хајдук поради Сораја (фото)

Само неколку часа  откако ги одмерија силите на теренот, играчите на двата најголеми хрватски клубови физички се судриле во дискотека во Загреб, а причина за тепачката била српска старлета.

сораја насловна

Жестока битка водеа фудбалерите на Динамо и Хајдук во саботата вечер во најголемото хрватско дерби, но по се изгледа  со уште поголем жар се бореа за наклоноста на српската старлета Сораја Вучелиќ, истата вечер во една дискотека во Загреб.

Атрактивната бринета на денот на дербито престојувала во Загреб на една модна ревија, а откако „натпреварот над  натпреварите“ го славеа  фудбалерите на Динамо тие ја поканиле Сораја да им се придружи на забавта во еден ноќен клуб во хрватската престолнина.

сораја 2

Во клубот  исто така се нашле и играчите на Хајдук кои ја лекуваа тагата од загубеното дерби во 94 минута, а до немири дошло откако фудбалер на Хајдук и пришол на старлетата и побарал да се фотографира со неа. Тоа е протолкувано како провокација од страна на присутните фудбалери на Динамо и започна општа тепачка.

-Откако Сорја прифати да се фотографира со него, играчите на Динамо го нападнаа, а тогаш се рипнаа и другите фудбалери на Хајдук по што настана општа тепачка во која се тепаа дваесетина луѓе. Летаа чаши и шишиња – раскажал неименуван извор, додека Сораја за тоа кажала дека не обрнува внимание за тоа што се случува околу неа кога е излезена.

сораја 3

-Не можам постојано да обрнувам внимание што се случува околу мене. Го гледам само тоа што мене ме интересира, а дали некој се тепа околу мене тоа не ме интересира. Очигледно не можам да излезам да се забавувам, а да не дојде до некои последици – изјавила Сораја.

soraja 5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top