| четврток, 6 декември 2018 |

Американска компанија ќе гради инженерски центар во Македонија

Американска компанија ќе гради инженерски центар  во Македонија.  Инвестицијата ја договори вицепремиерот Пешевски, кој е во работна  посета на Соединетите  Американски држави.  За почеток  би вработиле 20 тина лица, но планираат бројката понатаму да се зголеми

-За почеток би вработиле 20 лица, строго инженери, за понатаму планираат посериозна операција. Додека пак во денешниот ден имам средби со поголеми компании со кои ќе разговараме за посериозни инвестиции. Разговорите со нив се на највисоко ниво. Очекувам во наредниот период позитивни информации, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски

Инаку вицепремиерот Пешевски до сега имал директни средби со 8  компании, . Со дел од нив преговорите за инвестирање се во завршна фаза. Останатите најавиле дека ќе ја посетат Македонија и на лице место да се уверат во  поволностите кои им се нудат на странските инвеститори.

Станува збор за компании од различни дејности, но тука се пред се од производството и инженерските услуги. Генерално сум задоволен од посетата и очекувам  конкретни инвестиции, изјави Пешевски

Последната  компанија која инвестираше во земјава  е токму американсата  Кап кон, која  свој погон отвори во Бунарџик.  Џонсон Контролс, Кемет електроникс  и Амфенол се американските компании кои исто така се присутни и успешно работат на македонскиот пазар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top