| четврток, 6 декември 2018 |

Младите од СДСМ ја поздравија новата владина мерка (фото)

Студентите и учениците низ земјава ја поздравија одлуката за бесплатен превоз и билети. Се чини дека истата ги израдува и оние кои се активно вклучени во структурите на опозициската СДСМ, пишува Телеграф.
sdsm-b-640x640

Премиерот Никола Груевски вчера соопшти неколку значајни мерки од кои најголем бенефит ќе имаат студентите и учениците во Македонија. Премиерот соопшти дека од идната година на сите студенти им се овозможува бесплатен јавен превоз.

Учениците, пак, ќе добијат т.н. Средношколска среда, ден во кој за нив ќе биде бесплатен влезот во театри, музеи, кина, како и бесплатен превоз на жичницата на Водно.

Студентите и учениците низ земјава ја поздравија оваа одлука. Се чини дека истата ги израдува и оние кои се активно вклучени во структурите на опозициската СДСМ.
centralen-01

Имено, Владислав Трајковски, кој е дел од Социјал демократската младина на Македонија и член на Централниот одбор на СДСМ на неговиот профил на „Фејсбук“ ја споделил информацијата во која се пренесуваат поволностите што ги најави премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top