Раперот Кание Вест и Ким Кардашијан му избраа име на своето бебе, кое ќе се вика Сент (Светец) и дел од јавноста нивната објава на Твитер ја проследи со потсмев.
Кардашијан името на новородениот син го објави вчера на Твитер заедно со цртеж кој ги претставува целото семејство.
– Престануваме да работиме. Не постои можност ние или било кој друг да направи шега која е толку одлична како што Кание го нарекол својот син Сент Вест, гласи еден од твитовите на социјалната мрежа.
Според анонимен извор, комплицираната бременост на Кардашијан одиграла улога при изборот на името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.