Ирачките сили денеска вратија под своја контрола голем дел од градот Рамади од Исламската држава (ИД), чии припадници го зазедоа овој град во мај годинава.
Освојувањето на населбата Ал-Тамим од рацете на ИД претставува значајна победа на ирачките сили, кои долги месеци се борат против џихадистите за да ја обезбедат територијата околу Рамади.
Градот Рамади, кој се наоѓа западно од Багдад, е центар на големата ирачка провинција Анбар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.