Прва асоцијација на Стара Грција обично се филозофите, просветените политичари и прекрасните уметнички дела. Меѓутоа, оваа древна цивилизација имала и своја мрачна страна. Верувањето во подземниот свет преполн со демони, духови и разни други сеништа од кои сите се плашеле.
Ништо подобро не може да ве запознае со овој мистичен и застрашувачки аспект од животот на Стара Грција, од ритуалот фармакос, церемонија која се одржувала на годишно ниво од 8 до 5 век пред новата ера.
Потеклото и деталите на ритуалот се мистериозни: постоечките историски извори нудат само мал дел од приказната.
Сепак, знаеме дека во тој период во кој постоеле болести и глад, секој грчки град го бирал најгрдиот жител, кој во ритуалот имал улога на „фармакос‟ („грд‟ – во овој случај веројатно значи деформиран на некој начин и сигурно припадник на ниските слоеви на општеството).
Тоа лице на некое време добивало храна на товар на општеството и тоа најголеми деликатеси достапни во тоа време, како смокви, колачи од јачмен и сирење. Потоа, тој или таа биле спроведувани низ градот и ѕверски тепани со гранки.
Судбината на овие несреќници главно зависела од локалните традиции. Во некои места само ги бркале од населеното место, додека во некои места фармакосот бил каменуван до смрт, запален или фрлен од карпи.
На пример, во Атина ритуалот се одбележувал во текот на тригодишниот фестивал Таргелија.
Тешко е да се најде одговор на прашањето зошто општеството ги жртвувало своите „грди‟ членови. Пред се, старите Грци се опседнати со чистота, а тие кои отстапувале од институционализираните норми биле сметани како закана.
Физичката несовршеност била сметана за показател на морални недостатоци и затоа децата со посебни потреби биле напуштани и исфлувани надвор од градските ѕидини.
Второ, грчката митологија на многу места покажува дека жртвувањето на поединец дава моќ да се спаси целата заедница, што е одраз на предцивилизациските придобивки во кои племето опстанувало така што ги жртвувало најслабите членови.
Ритуалот фармакос имал и функција на катарза, прочистување на гревовите на комплетното општество. Од самиот збор фармакон, од кој е изведен англискиот збор „фармација‟, кој истовремено означува и отров и лек. Во него е содржана двојната природа на фармакос: тој истовремено бил виновник за сите зла кои го погодуваат општеството, но и негов спасител. Токму затоа и пред жртвувањето бил почестуван со најубава храна.
Секако, со елиминацијата на фармакосот не можеле да ги решат проблемите на општеството, но затоа тој ритуал ги намалувал тензиите кои се зголемувале во текот на тешките времиња и се избегнувала можноста за хаотично и неконтролирано крвопролевање.
Праксата е незамислива во многу современи култури, но самата негова суштина не е исчезната. Често комплетните заедници се вртат против најслабата група, против немоќните, бездомниците, бегалците…
Како и старите Грци, и луѓето денес проектираат најстрашни аспекти од себе и општеството на кое припаѓаат на некој поединец или група. Таа сила која и денес го формира однесувањето на луѓето може да има подалекусежни последици од линчот на целата маса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст