Нема човек кој не сонува. Некој поретко, некој почесто, а постојано се прашуваме што значат нашите сонови? Некои велат дека го сонуваме она за кое сме преокупирани тој период….Но дали некогаш сте се запрашале што значат влажните сништа?
Овој секси соновник сигурно ќе ви помогне да го дознаете вистинскот значење на влажните сништа.
Сцените со секс во сништата никогаш не се јавуваат случајно. Често станува збор за причини кои може да ги насетите, но не во секоја ситуација. Иако сништата во голем дел од случаите не значат дека го сакате она што го сонувате, туку тоа го сонувате затоа што потајно го посакувате. Доколку веќе долго време ве мачат фантазиите кои во текот на ноќта ви се мотаат во глава, дознајте што навистина значат.
Секс со шефот или колегата
Можеби сте го сонувале најстраствениот секс кој се случил на конференциската маса во вашата фирма, со вашиот шеф, но тоа не значи дека навистина го посакувате тој секс или дека треба да го направите. Со овој сон, вашата потсвест сака да ви каже дека треба да бидете авторитетни и да имате похрабар пристап кон работите со кои секојдневно се соочувате.
Сонување секс со колега – тоа најверојатно значи дека на вам ви се допаѓа нешто кај вапиот колега. Можеби поради некоја причина сакате да бидете токму покрај него.
Секс со поранешниот партнер
Овој сон веројатно ќе го сонувате кога сегашната љубовна врска ќе ви стане навика и ќе ви стане досадна. Со овој сон, вашиот мозок само сака да ви даде до знаење дека треба да преземете нешто за да го задржите вашиот сегашен партнер, нормално доколку тоа го сакате.
Секс со странец
Во ваквите сништа, странецот не претставува никој друг до вас – сами сте. Размислете дали во последно време сте направиле нешто вредно на вашиот труд и храброст? Доколку вашиот одговор е да – тогаш вие сте исклучително горди на сопствените успеси и достигнувања, што овој сон јасно го кажува тоа значење.
Секс со партнерот на вашата пријателка
Најверојатно вакво нешто никогаш не би направиле, па затоа нема потреба вашите сништа да ве загрижуваат. Причината која ова го сонувате веројатно се крие во фактот дека партнерот на вашата пријателка поседува одредени квалитети кои вие посакувате да ги има и вашиот партнер.
Хомосексуални односи
Овој сон не значи дека имате хомосексуална наклонетост. Човекот сонува ваков сон доколку е задоволен со сопственото тело и ако има високо мислење за себе, но доколку сте припадничка на понежниот пол ваквиот сон би можел да значи дека сте бремена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.