| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нашите однесувања во врска со протокот на бегалците и мигрантите се условени од однесувањето на други земји

Република Македонија има право, обврска и должност да се грижи и да ги штити своите национални и државни интереси и интересите на граѓаните. Тоа е нашиот приоритет и нашата задача. Во исто време ние сочуствуваме со болката и страдањата на оние кое морале да ги напуштат своите домови заради војна и да станат бегалци. Таквите примери ги имаме и меѓу македонците во не така далечното минато, истакна премиерот Никола Груевски.

бегалци

-Ние немаме право да носиме одлуки кои ќе задоволат некого, а тоа да биде на штета на граѓаните на нашата земја. Никој не ни дал ниту може да ни даде такво право, а особено не во ситуација кога во еден систем кој е причинско последнично поврзан, нашите постапки и однесувања во врска со динамиката и структурата протокот на бегалците и мигрантите се условени од однесувањето на други земји кои се наоѓаат на бегалската рута меѓу кои земји членки на ЕУ и одлуките кои ги носат. Затоа ние мораме да дејствуваме координирано со другите земји. Координација и заемната помош се основни.

Македонија, рече премиерот, е единствената земја која не е членка на ЕУ, а прима бегалци од земја членка на ЕУ.

-Во последниот период ЕУ бара да се направи разлика помеѓу белгалци и економски мигранти. Ние постојано повикуваме на носење заедничка европска политика за ова прашање. Македонија е спремна да биде на браникот на европските интереси, да помогне и да го направи она што други земиј потфрлаат да го направат.  Политиката на македонија е јасна преку Европскиот хуманитарен коридор кој го воспоставуваме ние сме спремни да обезбедиме хуман третман и брз транзит за сите бегалци кои имаат крајна дестинација во некоја од европските земји. Ние бараме од европските партнери да им објаснат на економските мигранти кои немаат крајна дестинација во некоја европска земја дека нашите ресурси се мали и ограничени и целосно насочени кон бегалците кои доаѓаат од воените подрачја со цел како што кажав хуман третман и брз транзит низ Македонија, додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top