| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски во САД- ќе ги презентира можностите за инвестирање пред реномирани компании

Вицепремеирот за економски прашања, Владимир Пешевски од денеска е во неколкудневна работна посета на Соединетите Американски Држави.

пешевски

За време на посетата, информираат од неговиот кабинет, вицепремиерот Пешевски и економскиот промотор во САД, Дејан Величков, ќе остварат директни средби со високи преставници на десетина компании од сојузните држави Илиноис, Висконсин и Индијана.

Компаниите со кои ќе се остварат работни средби се од областа на автомобилската, авио и медицинската индустрија, производство на делови за индустриски погони, аутсорсинг услуги и други. Станува збор за реномирани компании, помеѓу кои се и компании од Fortune 500 листата.

– На средбите подетално ќе се презентираат можностите и поволностите за инвестирање во Република Македонија. Со дел од компаниите разговорите се веќе во понапредна фаза на договарање и постои можност некоја од компаниите официјално да го објави нивниот инвестициски проект во Република Македонија, велат од кабинетот на Пешевски.

Република Македонија, додаваат, е особено интересна дестинација за американските компании и на нашиот пазар веќе се присутни светски познати компании како што се Џонсон Контролс, Кемет Електроникс и Амфенол.

– Доказ за одличната соработка и големиот интерес на американските компании да инвестират во земјата е и денешното отворање на новата фабрика АРЦ Аутомотив Македонија, инвестиција на американската Кап Кон од 18 милиони евра во која се најавени 400 нови вработувања, потенцираат од кабинетот на Пешевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top