СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво, а од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Пријавениот на 4 декември во бензинската пумпа „Макпетрол“, која се наоѓа на бул. „Александар Македонски“ во Скопје, со закана со остар предмет од вработените одзел 12.310 денари.
Вчера, пак, во временскиот период од 18.00 до 22.40 часот на бензинската пумпа „Макпетрол“ на магистралниот пат Штип-Радовиш, непознати лица со употреба на сила и погоден алат скршиле катанец од решетка, влегле внатре, извршиле пребарување, пронашле клуч од металната каса, ја отвориле и одзеле околу 90.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)


