Иако ја доведуваа во врска со многумина славни мажи, бразилската убавица Адријана Лима решила еднаш засекогаш да стави точка на шпекулациите околу романсата со пејачот Џастин Бибер.
Гостувајќи во една популарна емисија, славната манекенка дала помалку навредлив одговор на прашањето дали таа и поп ѕвездата биле нешто повеќе од пријатели.
-Каде сте го слушнале тоа – кажала Лима, превртувајќи со очите и додала: „Дали знаете како ги нарекувам јас мажите пониски од 190? Пријатели“, се пошегувала Адријана јасно одговарајќи дека нивната романса е уште една измислица на таблоидите. На голема жалост на младиот пејач кој е висок само 175 сантиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.