Американскиот претседател Барак Обама за време на своето обраќање од Овалната соба, кое имаше за цел да ги смири страстите кај уплашената нација по терористичкиот напад во Калифорнија, порача дека САД ќе ја уништат Исламска држава.
Сепак, тој во својот говор, на своите сограѓани им порача да останат со „студена глава“ во борбата против тероризмот.
Оваа негова изјава, светските медиуми ја поврзуваат со тоа што Обама не им потклекна на притисоците врз него, за да изврши и копнени интервенции во Сирија и во Ирак.
Понатаму, американскиот претседател подвлекол дека нападите во Калифорнија ги направиле тие што заминале „по мрачниот пат на радикалниот ислам“.
Инаку Обама беше критикуван за тоа што не ја зголемува и не ја засилува воената интервенција врз ИД, како и поради тоа што не испраќа копнени трупи. Голем дел од јавноста сметаше дека по нападот во Калифорнија, токму во ова обраќање, Обама ќе објави дека испраќа воени трупи во Сирија и во Иран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.