Во судирите меѓу полицијата и група млади луѓе, кои синоќа во центарот на Атина ја одбележуваа годишнината од убиството на тинејџерот Алексис Григоропулос, повредени се тројца полицајци, а 35 лица се приведени.
Грчката агенција АНА јави дека во Атина по синоќешните судири е мирно. Младите лица фрлаа со молотови коктели, а полицијата одговори со шок бомби и солзавец. Околу 500 луѓе синоќа се собраа во квартот Ексархија, популатно собиралиште на анархистите и место каде полицаецот Епаминондас Корконеас на 6 декември 2008 година го застрела 15 годишниот Григоропулос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.