| четврток, 6 декември 2018 |

Во виното е вистината, Наташа Беквалац кога пие го говори тоа што го мисли

Српската пејачка Наташа Беквалац призна дека кога ќе испие малку повеќе, го кажува она што го мисли.

насловна беквалац

– Кога малку ќе се опуштиш со алкохол, го кажуваш она што го чуваш длабоко во себе. Често пати таа изјава и не е соодветна во дадениот миг. Во ред е да се испијат неколку чашки, но противник сум на опивање – вели Беквалац, која откри дека најмногу ужива во добри вина.

– Сакам да пијам вино, но тоа и не е штетно. Во виното е вистината. Не пијам често, но сакам дома, кога ќе се вратам од напорен работен ден, да испијам чаша-две вино. Не одам во кафеани затоа што музиката што ја пуштаат таму не може да ме крене и да ми допре во душата. Имам нешто свое, свој начин на кој уживам со пријателите – вели Наташа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top