| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирана дуодрамата „Аманет“ на Тони Манџуковски-Манџук

Во Етнолошкиот музеј при Музејот на Македонија викендов беше промовирана дуодрамата „Аманет“ на Тони Манџуковски-Манџук.

 

3A164D933852D343ABB16DA85D53D2CC
„‘Аманет‘ на Манџуковски е драмска сторија која зборува за неговите предци, блиското историско минато, девијантните општествени, економски и социјални појави. Уништувањето на селото, бегството на неговите синови и ќерки од вековните огништа. Осаменоста на истоштените и уморни старци, новото време, интернетот, технологијата, заборавените народни традиционални обичаи, народните верувања како митска универзална библиска вредност, делбите, кавгите и бројните други деструктивни појави, претставуваат драматично предупредување, аларм и прашање: Кон што сите ние се стремиме? Но, и со силна верба дека, конечно, ќе се насочиме кон чистите и бистри извори“, стои меѓу другото во рецензијата за книгата на актерот и професор, Мето Јовановски.
„Аманет“ е петта по ред книга на Тони Манџуковски-Манџук, магистер по електротехнички науки, кој работи како ИТ-соработник во Радио Бубамара. Тој е и автор, сценарист, режисер и продуцент на неколку перформанси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top