Жена на возраст од 70 години, со низок раст, кратка црна коса и отежнато одење се води како исчезната од 27 ноември. Таа се загубила додека чекала автобус број 24 на автобуската станица кај поликлиника „Букурешт“ на булеварот „Партизански одреди“ од страната на трговскиот центар „Лептокарија“.
Подоцна истиот ден била видена во близина на градскиот плоштад како се движи кон напуштениот „Мекдоналдс“ ресторан.
Два дена подоцна била забележана во градскиот автобус број 2 во правец кон Сарај.
Во моментот на исчезнувањето жената била облечена во сив краток капут, црни пантолони со бели риги, кафеави кратки чизми и сива капа. Жената боледува од Доенција и Алцхајмерова болест.
Граѓаните кои имаат некаква информација а оваа жена сите информации да ги проследат на моб. 078 32 61 61.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.