| четврток, 6 декември 2018 |

2016 носи само два продолжени викенди за сите граѓани на Македонија

nerabotni-vikend1
2015 година ни „донесе“ многу продолжени викенди… Но во 2016 година нема да биде баш така. Прв продолжен викенд граѓаните на Македонија ќе имаат за новогодишните празници – 1 јануари кој во 2016 година паѓа во петок.

Следен продолжен викенд за сите граѓани на Македонија ќе биде оној за Први Мај, кога се поклопува со Велигден. Сите граѓани ќе добијат три дена – сабота 30 април, потоа недела и понеделник (1 и 2 мај). Православните ќе го имаат и петокот 29 април, кога е Велики Петок.

Православните во јануари добиваат уште еден продолжен викенд – за Водици 19 јануари (петок). Тие ќе имаат три дена одмор и во јуни, кога за Православните неработен е 17 јуни (петок) – Духовден, петок пред Духовден.

Католиците добиваат продолжен викенд за нивниот Велигден кога неработен е 28 мaрт (понеделник).

Ромите ќе имаат еден продолжен викенд во април – 8 април (петок) кога тие го празнуваат Меѓународниот ден на Ромите.

За граѓаните-припадници на влашката заедница има продолжен викенд во мај, кога го празнуваат 23 мај (понеделник) – Национален ден на Власите. Тогаш тие ќе добијат четири дена одмор, со оглед дека неработен е и 24 мај, Кирил и Методиј.

Сите неработни денови во 2016 година можете да ги видите на следниот линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top