| четврток, 6 декември 2018 |

21-годишно момче заврши на Ургентен по сообраќајката во Ново Лисиче (видео)

soobrakjajka_novo_lisiche_6-12-2015_6-600x400

Едно лице заврши на Ургентен по сообраќајната несреќа што утрово, во 4.30 часот се случи во скопско Ново Лисиче.  Момче кое управувало со автомобил „пунто“ со скопски регистарски таблици удрило во два паркирани автомобила.

Според МВР сообраќајната незгода се случила на булевар АСНОМ . Автомобил „пунто“ управуван од С.Н. (21) удрил во две паркирани возила, „ауди“ и „волво“ со скопски регистарски таблици во кои немало луѓе.

Повредениот С.Н. е пренесен на Угрентен. Тој се здобил со телесни повреди.

ВИДЕОТО ОД МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА МОЖЕТЕ ДА ГО ВИДИТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top