| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп го шокираше светот „Мора да се ликвидираат семејствата на терористите“

трампДоналд Трамп, кандидат за претседател на САД од Републиканската партија ја шокираше јавноста со предлог за справување со терористичката „Исламска држава“.

Трамп во интервју за „Фокс“ објаснува дека ако стане претседател, ќе дозволи акција за елиминирање на семејствата на џихадистите.

– Тоа ќе ги погоди пеколно силно- изјави тој пред гледачите учествувајќи во едно телевизиско шоу.

Но, неговиот план вклучува извршување на воени злосторства, коментира „Индипендент”. Намерното убивање на цивили се смета за воено злосторство според Женевската конвенција од 1949 година

Трамп во шоуто и додаде дека „Претседателот Обама не знае што прави” и дека ќе даде се од себе за да се справи со исламистите.

-Но, ние водиме многу политички коректна војна. Друго е за терористите ако треба да се ликвидираат нивните семејства. Ним им е гајле за нивните животи. Мора да се отстранат нивните семејства – изјави милијардерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top