| четврток, 6 декември 2018 |

И една е доволна, но еве 8 причини зошто да мастурбирате

Гинекологот д-р Лорин Штрајхер вели дека време е фактот дека жените мастурбираат да престане да биде табу тема и ги објаснува предностите од мастурбацијата во секојдневниот живот.

Среќа

Мастурбацијата е пријатно искуство, а сите знаеме дека задоволството прави да се чувствуваме подобро. При оргазмот се ослободуваат ендорфин и окситоцин, што значително ќе ви го подобрат расположението.

Самодоверба

За да зрачите со самодоверба, потребно е да го сакате своето тело, а еден од начините да го постигнете тоа е да го истражувате. Многу е важно жените да го запознаат своето тело и да знаат како да ги задоволат своите потреби.

Сексуален живот

Мастурбацијата помага да го запознаете своето тело и да откриете во што најмногу уживате. Кога ќе го сфатите тоа, ќе имате повеќе самодоверба во креветот и ќе можете да разговарате со својот партнер за тоа што на вас ви одговара.

Спиење

Огразмот ја намалува физичката и психичката тензија и го исцрпува телото, што значи дека ви помага побрзо да заспиете. Генерално, побрзо ќе заспиете после мастурбацијата и поради тоа што ќе бидете поопуштени и позадоволни.

Го ублажува стресот

Се што прави да се чувствувате поопуштено и попријатно ви помага во борбата против секојдневниот стрес. Па така, нема причина да не пробате да го ублажите и на овој начин.

Што ако сте во врска?

Ако сте веќе во врска, мастурбацијата е супер начин да ги „подгреете работите. Штрајхер нагласува дека што почесто имате секс, тоа повеќе и го сакате. Мастурбацијата ќе ви помогне да се чувствувате попријатно во своето тело и ќе ја зголеми сексуалната желба. А, потоа… навалете на “акција” со партнерот.

Повеќекратен оргазам

Еднаш, два пати или три пати – одлуката е ваша! Колку пати сакате – толку. Жените се способни да доживеат оргазам неколку пати по ред, за разлика од мажите, па зошто да престанете после еден оргазам?

Нема негативни ефекти

– Мастурбацијата нема никакви негативни ефекти – вели Штрајхер. Има многу причина за мастурбација, а против нема ниту една. Па, зошто да не се задоволите себе си?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top