Хрватските медиуми воодушевени од спотовите на Адријан Гаџа.
-Адријан Гаџа според многумина е најголемиот албански музичар на сите времиња. Има само триесет и една година, а зад себе има милионски прегледи на видео спотовите. Продукцијата на спотовите и песните е на рамниште со светските ѕвезди, а на западното крајбрежје на Балкан ретко кој прави таква продукција – пишува Дневник.
Гаџа е пример за професионалност и отвореност и токму поради тоа публиката го сака. Неговите спотови се нешто што остава без зборови. Хрватските пејачи и нивните спотови не му се ниту до колена на Гаџа, заклучува Дневник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.