| четврток, 6 декември 2018 |

Старите возила – најголеми загадувачи на воздухот во Македонија

Индустриските објекти и огревното дрво не се најголеми загадувачи на воздухот во Македонија, туку согорувањето на горивата од увезените половни нееколошки возила, покажува анализаta на Сојузот на стопански комори (ССК), презентирана денеска. ­

0B2FC7E946E0444ABE35E525CD1E0ED8

 

– Тие возила немаат заштитни филтри и катализатори и емитуваат огромна количина штетни честички во воздухот. Во ЕУ, според законодавството, просечната дневна емисија на штетни честички изнесува 50 микрограми на кубен метар, а кај нас, според мерењата на штетните честички во воздухот, изнесуваат меѓу 10 и 20 пати повеќе од дозволените граници – рече денеска на прес­конференција извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов.

Алексов посочи дека старите возила не ги исполнуваат декларираните евро­нормативи и ја зголемуваат емисијата на штетни ПМ честички во воздухот. ­

– Овие возила, особено во последните пет години, се внесени во голем број, кога и загадувањето на воздухот покажува најголеми размери – рече Алексов.

Според податоците од Царинската управа на РМ, од 2010 до 2015 година се увезени 191.639 употребувани патнички возила. Од Сојузот упатуваат на преземање неколку мерки меѓу кои се итно воведување на стандардот Евро 4 за увоз на половни возила, воведување политика за СО2 при увоз и регистрација, односно при увозот на возила да се врши проверка за исполнување на пропишаните еуро­ нормативи.

Возилата што се увезуваат како возила со Евро 3 се стари и до 15 години и го исполнувале овој стандард кога биле нови. Со нивната повеќегодишна експлоатација тие веќе не го исполнуваат стандард Евро 3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top