| четврток, 6 декември 2018 |

Подарете и ги овие совети на својата ќерка

majk-kerka-cveke

Ќерката е дар, среќа е да ја гледаш како се смешка, како спие и како расте.
Среќа е да се видиш себеси во нејзините очи, но некогаш сте се запрашале ли какви совети да и дадете на својата ќерка, за да не ги повторува вашите грешки? Кои се најважните совети кои треба да и ги дадете за да биде среќна?
Ви нудиме листа на работи на кои би можеле да ја научите, на оние животни лекции кои ќе и бидат од корист на вашата ќерка во иднина.
– На прво место сакај се себеси.
– Средно училиште, тоа се уште не е реалниот живот. Биди подготвена за тоа.
– Во животот ќе сретнеш многу лоши девојки. Едноставно задржи си го нивото и одминувај ги.
– Ако си го нашла вистински пријател, погрижи се да го задржиш, независно од тоа колку сте далеку еден од друг.
– Предметите нема да те направат среќна.
– Не суди никого, но биди подготвен да бидеш постојано судена. Горе главата, девојко!
– Вистински запознај ја баба ти.
– Не секој проблем е крај на светот. Ниту еден проблем не е крај на светот!
– Избери ја својата главна битка. Не вреди да се бориш за се.
– Не се споредувај со другите, тие никогаш нема да бидат како тебе.
– Независно од тоа колку силно сакаш некого, обиди се да не се изгубиш себе си.
– Научи го зборот „не“ и не се плаши да го користиш.
– Ти претстои да ја напишеш своја животна приказна, погрижи се да ги пополниш страниците со среќни настани и моменти.
– Никогаш не трчај по маж. Вистинскиот е единствен, сам ќе те најде.
– Научи правилно да примаш комплименти и обидувај се да веруваш во нив.
– Секогаш биди чесна.
– Биди среќна во сопствената улога и не се плаши од осаменоста.
– Никогаш не се плаши да го споделиш, она што го чувствуваш.
– Читај се што ќе ти падне во рацете. Знаењето е сила.
– Ако отидеш на гости кај момче и не гледаш книги, бегај подалеку.
– Ти не си ничија сопственост!
– Биди секогаш во можност да одговараш за себе. Секогаш!
– Не се плаши од неуспехот. Токму од него учиме.
– Помагај на другите, добрите дела носат среќа.
– Биди љубезна, благодарноста го открива карактерот.
– Секогаш верувај во својата интуиција. Секогаш!
– Биди внимателна.
– Твоите дела зборуваат за тебе многу подобро, од твоите зборови.
– Немој да ги криеш чувства, најди начин да ги изразиш.
– Барај убавина во се.
– Користи заштитни креми за сончање!
– Не губи контакт со луѓето кои те сакаат.
– Секогаш во животот оди со високо крената глава. Самодовербата е привлечна.
– Плачи, кога треба, и најде нови сили во своите солзи.
– Смеата е лек за душата.
– Премногу гласна музика? Засили го уште звукот и танцувај!
– Зборовите можат да градат мостови, но и да ги урнат. Осмислувај ги.
– Домот е таму каде што те сакаат, а не таму каде што живееш.
– Да се извиниш прв, не значи да покажеш слабост.
– Работи, работи многу. Секогаш биди во можност да се обезбедиш финансиски.
– Знам дека понекогаш ме мразиш, но јас секогаш ќе те сакам. Те сакам уште од пред да те познавам.
– Можеш да споделуваш со мене во секое време. Секогаш ќе бидам до тебе.
– Запомни уште еднаш, секогаш ќе те сакам.
– Ти си способна повеќе отколку што мислиш.
– Ти си убава. Не дозволувај никому да прави да се чувствуваш поинаку.
– Животот се состои само од денешниот ден. Живеј сега. Неможеш целосно да го контролираш својот вчерашен или утрешен ден. Се што имаш е денес, едноставно биди среќна.
И уште нешто, никогаш, никогаш не заборавај дека не треба да ја бараш среќата, сама треба да си ја направиш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top