Трансплантација на косата е сон на секој современ маж што ја загубил косата поради одредени причини. Токму на тема трансплантација на коса разговараме со д-р Илкер Апајдин, хирург за пластична и за реконструктивна хирургија во клиниката „Њуејџ“ и во клиниката „101“ од Турција.
Тој објаснува дека трансплантацијата на коса дава трајни резултати инаку не би имала смисла да се прави. Како донаторски регион се користи задниот дел од главата, меѓу ушите, кој сите сме забележале дека е најгуст и дека останува со иста густина во текот на животот. Токму затоа овој регион се користи за екстракција, за земање на фоликулите и за нивно пренесување во деловите на проретчената коса, вели д-р Апајдин во интервју за „Република“.
Што претставува трансплантацијата на коса?
АПАЈДИН: Трансплантацијата на коса, всушност, претставува преместување на графтови или на фоликули од еден дел на кожата на главата на друг дел, каде што е потребно. Обично, графтовите се земаат од задниот дел на главата, кој е донаторски регион, и потоа се пренесуваат во предниот дел каде што постои проретчување на косата.
Кои се критериумите за успешна трансплантација на коса?
АПАЈДИН: Потребно е да се исполнат неколку критериуми за да имаме успешна трансплантација. Најзначајни се медицинското знаење, уметничките вештини на хирургот, како и искуството. Со искусни хирурзи што имаат чувство да ја направат естетска линијата на косата и со добро знаење може да се постигнат одлични резултати.
Дали трансплантацијата на коса дава трајни резултати?
АПАЈДИН: Трансплантацијата на коса дава трајни резултати, инаку не би имало смисла да се прави. Се земаат фоликули од задниот дел на главата, фоликули што се отпорни на дејството на дихидростостеронот, кој е главниот причинител за опаѓање на косата. На тој начин, кога ќе се земат фоликули што се отпорни на опаѓањето на косата и кога ќе се пренесат во зоните на проретчување, тие ќе опстанат и ќе живеат до крајот на животот.
Кој дел од скалпот има улога на донаторски регион за трансплантација?
АПАЈДИН: Како донаторски регион се користи задниот дел од главата, меѓу ушите, кој сите сме забележале дека е најгуст и дека останува со иста густина во текот на животот. Токму затоа овој дел се користи за екстракција, за земање на фоликулите и нивно пренесување во деловите на проретчената коса.
Кој е кандидат за трансплантација на коса?
АПАЈДИН: Донаторскиот регион е многу важен за да се одреди кој е добар кандидат за трансплантација на коса и, секако, очекувањата на пациентот. Тој што има добар донаторски регион, секако, има добра основа од каде што може да се земат графтовите за да се направи успешна трансплантација. И кога очекувањата на пациентот се реални, тогаш може да има многу добра соработка. Ние имаме 20-годишно искуство во трансплантацијата на коса, така што имаме 100-отстотна успешност во решавање на проблемот со губењето на косата. Кога очекувањата на пациентот и искуствата на докторот ќе се спојат, се добиваат успешни и задоволителни резултати.
Дали имате пациенти од Македонија?
АПАЈДИН: Да, секако, сме оперирале пациенти од Македонија. Имавме неколку што контактираа со нас за консултација, а потоа дојдоа и на операција. Ние како клиника работиме со пациенти од целиот свет и имаме искуство со пациенти отсекаде.
Како оди рехабилитацијата по трансплантацијата на коса?
АПАЈДИН: Рехабилитацијата е релативно брза. Уште во првите неколку денови по трансплантацијата пациентот може да се врати на нормалниот ритам на живот. Постојат само промени на кожата на главата, кои се вид црвени точки и красти како резултат на регенерацијата на кожата. По седум до десет дена тие лушпи комплетно исчезнуваат и изгледот на кожата е целосно нормален.
Кога израснува косата по пресадувањето?
АПАЈДИН: Резултатите од трансплантацијата не се веднаш видливи. Постои период од три месеци по трансплантацијата, кој уште се нарекува и период на стагнација, затоа што растењето на косата почнува дури по третиот месец. Од третиот месец, па натаму, косата расте континуирано и се подобрува растењето. По една година се постигнуваат оптимални резултати. Ние ги следиме резултатите во текот на растењето на косата и им даваме насоки на пациентите што може да очекуваат понатаму.
Дали по трансплантација се добива природен изглед на косата? Како може да бидеме сигурни дека ќе добиеме природен изглед?
АПАЈДИН: Сите пациенти очекуваат да добијат природен изглед на косата. Освен природниот изглед, и густината на косата е еден од важните параметри за да се постигнат добри резултати. За да се добие природен изглед на косата потребно е да се почитуваат одредени правила и принципи во однос на начинот на екстракција на графтовите, на начинот на земање на графтовите, начинот на нивно поставување. Повторно улога има вештината на хирургот за да се постигне таа естетска линија. Ние може да гарантираме за естетската линија, за природниот изглед што сакаме да го постигнеме затоа што зависи од нас и од нашата техника на работа. А густината на косата е секогаш оптимална, во согласност со состојбата на пациентот. Најчесто пластичните хирурзи и дерматолози може да прават трансплантација на коса.
Разговараше: Александра М. Бундалевска
Фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст