| четврток, 6 декември 2018 |

Исплатени пензиите на 300.047 пензионери

Владата денеска ја исплати пензијата за овој месец. На сметките на 300.047 пензионери префрлени се 3 милијарди 849 милиони денари. Просечната пензија заклучно со овој месец изнесува 13.077 денари.

penzioneri-2

– Исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно во секоја прва недела од месецот. Поддршката на животниот стандард на пензионерите и социјалните категории останува приоритет на Владата, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top