Безживотно тело на постар маж, кое утрово лежеше на паркингот зад „Мекдоналтс“ кај Министерството за труд и за социјална политика, ги вознемири граѓаните и вработените во околните згради. Поради големото присуство на полицијата тие беа уверени дека се работи за убиство. Сепак, од СВР Скопје велат дека најверојатно се работи за човек што починал ненадејно.
Според нив чиста коинциденција се блокираните улици во градот. Зголеменото присуство на екипи на МВР било поради делегацијата што треба да помине во овој дел од градот.
Настанот во полиција бил пријавен утрово околу 8.40 часот, по што бил извршен увид од полицијата.
Станува збор за лицето С.Р. роден 1954 година, кој починал наеднаш, најверојатно од удар.
Итната медицинска помош констатирала смрт, а на неговото тело не биле пронајдени знаци на насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст