| четврток, 6 декември 2018 |

Ден на органско произвотство на 9 декември

Со менување на трендовите и зголемувањето на свеста на потрошувачите за потребата од здрава исхрана, расте и свеста на луѓето за консумација на органски производи преку целата година, кои, всушност, се квалитетни и безбедни намирници добиени од одржливо земјоделско производство. Секој тој што води грижа за сопственото здравје, за здравјето на своите најблиски и секако здравјето на животната средина, секогаш одбира органски производ за својата трпеза.

Обезбедувањето свежо и квалитетно овошје и зеленчук во зимскиот период секогаш претставува сериозен предизвик за потрошувачите. Ова особено се однесува на свежите производи од домашно потекло и секако органските производи. Обезбедувањето на директен контакт помеѓу производителите и потрошувачите е важен фактор за меѓусебно запознавање, воспоставување на соработка и стекнување доверба во производите и севкупниот систем на органско производство.

Република Македонија ги следи современите светски текови и органското производство во последните неколку години станува перспективен сегмент во земјоделството. За да македонските органски производи станат полесно достапни за граѓаните, но и за да се разбере вредноста на истите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, традиционално, во соработка  со Федерацијата на производители на органски производи во Македонија  го организира 9. „Ден на органско производство“

Манифестацијата ќе се одржи в сабота, 5 декември во „Скопје сити мол“ од 10 до 17 часот.

Главниот слоган на настанот:„Јас избирам здравје, а ти?“ има за цел да ги поттикне граѓаните да размислат какви производи конзумираат и колку изборот на храна влијае на нивното здравје. Целта на слоганот, но и на „Денот на органско производство“е да се создаде корелација меѓу двата поима „здравје“ и „органско“ и користењето на органската храна ќе се разбере како потреба за здрав живот и долгорочна виталност.

Освен можноста граѓаните директно да се запознаат со органските производители од Македонија кои ќе имаат свои штандови во сабота граѓаните ќе можат да уживаат во сите други активности кои вклучуваат: детски корнер, претстава, работилници и разни игри, како и дегустација на органски производи произведени на македонска почва, како и запознавање на сите тајни на органските производи и нивниот ефект врз нашето здравје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top