Необичен, асиметричен џемпер
Лежерен џемпер со необична плетка, кој се носи со едно откриено рамо, а кој изгледа како да е облечен наопаку, спаѓа во клучните паричиња за оваа сезона. Се препорачуваат неутрални бои, но со необичен, асиметричен крој и со намерно искинати краеви. Овој џемпер се носи со тесни фармерки и со бели патики, голем шал и шапка и дава шик изглед како на вистинска парижанка.
Класично палто од твид
Палто од твид е парче облека што е задолжително за зимската сезона, без разлика на трендовите. Овој модел фантастично одговара со едноставни ролки, мокасини и со тесни панталони. За некој излет надвор од градот може да го искомбинирате и со ѕвонарки и со полудлабоки чизми.
Ексцентирчен дезен
Тренерка или ролка со необичен, апстрактен дезен може да биде одличен додаток на кое било здолниште или панталони. Исто така, интересни се и свилените блузи што ги краси голема, заводлива панделка. Одлична комбинација е тесно здолниште од твид и полудлабоки чизми со боја на мед. Оваа комбинација од ексцентричен дезен и обичен материјал е многу атрактивна.
Фустан или блуза во зимски цветен дезен
Долгите фустани се модел на кој треба посебно да внимавате. Ако таа должина не ви прилега, тогаш решете се за должина до колената. Овие фустани прилегаат одлично со антилопски чизми, голем ремен и со палто.
Бохо фустан
Над бохо фустанот може да носите пончо од превртена кожа, како и капути без ракави во боја на карамелa, со или без крзнена јака.
Пончо или јакна со мотиви од мароканска фолк-носија
Мароко е оаза за инспирација. Мистичен, егзотичен, полн со опојни мириси, инспирирал многу дизајнери за нивните понча, но и џемпери. Боите се силни, но со сивкасти поттонови.
Во зима се носат џемпери, а оваа сезона посебно се актуелни тие со крупна, голема плетка. Станува збор за модели што немаат нагласени рамена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст