Честа да позира гола во последниот „Плејбој“, пред познатото списание за мажи да престане на своите страници да објавува еротски фотографии и припаднала на некогашната зајчица и популарна „чуварка на плажите„ Памела Андерсон.
Познатата глумица за првпат се појавила во списанието на Хју Хефнер во 1990 година, а неодамна се фотографирала во провокативни пози за последнито издание пред големиот редизајн.
– Себеси не се сметам за убава, но знам дека поседувам силна сензуалност, изјавила Памела во интервјуто кое ќе биде објавено до нејзините разголени фотографии во декемврискиот број.
-Луѓето повеке реагираат на тоа отколку на надворешниот изглед, затоа што духот никогаш не старее. Помалку сум егзебиционист, сакам да се забавувам, додала глумицата која својата светска слава ја достигна во серијата „Чувари на плажата“.
„Плејбој“ во октомври најави дека ќе престане со разголените фотографии, а Хју Хефнер и неговите соработници како главна причина за овој потег ја навеле достапноста на порнографски содржини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.