Леди Кити Спенсер е одамна заборавената роднина на принцезата Дијана. Иако, за волја на вистината, не е толку дека луѓето ја заборавиле, колку што таа апсолутно не е заинтересирана за внимание. Таа не е Кејт Мидлтон, но живее како кралица.
Кити Спенсер има 24 години и сега ужива во Австралија. Се сонча, плива и ужива во убавините на Големиот корален гребен.
Додека првата жена која ја поврзуваме со принцовите од Англија, Кејт Мидлтон, дава се од себе и по породувањето да изгледа како дама, Кити апсолутно не ја интересираат такви перипетии. Нејзиниот профил на Инстаграм не само што е шарен, туку е и многу провокативен.
Таа не ја објавува само убавината на пејзажите, туку ги покажува и своите магии. А за тоа колку „лажицата ѝ паднала во мед“ говори и фактот дека островот Орфеус на кој се наоѓа, може да смести само 28 луѓе во своите луксузни одморалишта, што и не е некој проблем. Со цена од 2.500 долари за само една ноќ, тешко е дека туристите од Пефкохори ќе навалат да ѝ прават друштво на Кити.
За оваа секси русокоса се зборува дека е во врска со милијардерот Никола Бататијер ди Сан Педро кој од неа е постар точно 20 години. Ужива на коњски трки и не крие дека се забавува.
„Навистина, навистина, навистина ми е убаво. Мислам дека сите си помислија „оди си веќе дома, а мене не ми се оди“, им рекла Леди Кити на тамошните медиуми.
Веројатно и таа ги повлекла истите оние гени кои принцот Хари го прават омиленото „лошо момче“ со сина крв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст