Американската музичка дива Мараја Кери (45) во вторникот вечерта по настапот во Њујорк, на своите соработници им се пожалила дека не се чувствува добро и била одвезена дома, а во средата завршила во болница на инфузија.
Во вторникот вечер на својот настап во Њујор пејачката го извела својот голем хит „All I want for Christmas“, но по настапот открила дека не се чувствува најдобро. Американските медиуми пренесуваат дека пејачката била хоспитализрана на симптоми на грип, и преку инфузија примала течности и витамини.
Во сабота Мараја треба да се појави во Њу Џерси на голем концерт кој го организира Баста Рајмс.Се очекува дека на Мараја ќе и биде подобро и дека ќе се појави на тој настан. Пејачката со својот поранешен сопруг, актерот Ник Канон ги има близнаците Монро и Морокан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.