| четврток, 6 декември 2018 |

Познати производи кои настанале по грешка

Сигурно понекогаш се прашувате како некои од најпознатите светски производи настанале.

koka-kola

Интересно е да се каже дека дел од нив денеска ги знаеме и ги користиме благодарение на некој грешка или неуспешен експеримент.

Кока кола– Обидувајќи се на направат тоник за луѓето кои имале проблеми со воспаление на забите, фармацевтите го пробале тестерот и откриле дека нема некој лош вкус. Додале малку газирана вода и денес овој производ претставува  е еден од најпознатите во светот.

Пеницилин – Изумител Александар Флеминг. Иронично, Флеминг бил во потрага по „чудо од лек“ што ќе може да излечи разни болести. Оставил куп валкани садови кога тргнал на одмор. Се вратил од пат и открил нешто чудно во чиниите. Сите јадења биле покриени со бактерии, освен една чиј дел бил заштитен. Сфатил дека тој дел ги блокирал бактериите и дека може да се искористи за да убие широк спектар од нив. Настанал лекот пеницилин, еден од најчестите антибиотици денес.

Кесички чаj – Датираат од 1903 година и биле направени од рачно шиена свила. Томас Саливен, американски трговец со кафе и чаj, праќал примероци од своите производи до клиентите спакувани во лименки. Се’ додека еден ден не дошол до заклучок дека би му било поевтино примероците да ги испраќа во мали, рачно зашиени свилени кеси. Нарачките веднаш пристигнале, не за чаевите, туку за неговите кесички.

cips

 

Чипс – Најпопуларната приказна за пронаоѓањето на чипсот е врзана за готвачот Џорџ Крум. Тој во 1853 година бил готвач во еден ресторан во државата Њујорк, кога еден муштерија цело време ја враќал чинијата со пржен компир назад, барајќи парчињата компир да бидат исечени потенко и да се пржат подолго. Џорџ бил изнервиран од гостинот, ги исекол компирите на многу тенки парчиња, ги пржел додека не се искривиле и ги посолил. Наместо да се лути поради компирот, гостинот побарал повеќе и револуцијата почнала. Бил познати како Саратога Чипс по градот каде настанал.

Вијагра – Хемичарите во фармацевтската компанија „Фајзер“ развивале пилула за лекување на кардиоваскуларни болести. Но, лицата на кои ја тестирале пилулата покажале споредни и „чудни“ ефекти при лекувањето. Пилулата, подоцна наречена „вијагра“ е одобрена во 1998 година и се покажала како неуспешна за лекување на срцеви болести, но неочекувано лекувала еректилни дисфункции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top