| четврток, 6 декември 2018 |

Тензично на грчката страна од границата – почина мигрант од Мароко (ВИДЕО)

Врие на грчка страна пред самата граница со Македонија. Економските мигранти се судрија со грчката полиција да не дозволат премин на мигрантите од Сирија. Во конфликтот 22 годишен Мароканец го загуби животот, објави Канал 5.

migranti na granica (1)

Економските мигранти ја нервозни што со денови чекаат влез ја урнисаа бариерата од грчка страна поставена за селектирање на мигрантите од Блискиот исток.

Се судрија со грчката полиција со цел да не им дозволат влез на мигрантите од Сирија, Авганистан и Ирак.

Во конфликтот 22 годишен мигрант бегалец од Мароко денеска на грчка територија во близина на каменот 59 го загуби животот.

Обидувајќи се да се извлече од настанатиот конфликт со полицијата, се допрел на една од електричната инсталации на пругата.

Од денес огромен е и бројот на Специјалните единици на грчката полиција кои попладнево употребија и солзавец да ги растргне економските мигранти.

Од синоќа револтот на економските мигранти е пренасочен кон бегалците кои имаат слободен влез кон Македонија.

Ситуацијата ескалираше денеска. Не само што им го попречија патот на Сиријците, тие насилно се обидувале – како синоќа така и денес да им ги одземат одобренијата за влез на наша територија.

Вчера Сиријците сведочеа дека Грците на некои од нив давале и фалсификувани документи за слободен влез кон Македонија.

Неофицијално во синоќешните немири на грчка страна полесно повредена била и една Сиријка.

Дознаваме дека денеска во Егумени пристигнале над 30 автобуси со мигранти кои очигледно ќе останат заробени пред граница.

Мароканци, Иранчани, Сомалијци бунтуваат на граничниот премин „Камен 59“.

Грција од час во час им го зголемува нивниот број носејќи нови тури кои очигледно не ги селектира пред да ги донесе на македонско грчката граница нивниот број денес е околу 2 илјади.

Покрај мажите кои беа најбројни од денеска има зголемено присуство и на жени со деца.

И покрај секојдневните конфликти со Европа нема конкретни планови што да прави со овие луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top