| четврток, 6 декември 2018 |

Нова антитерористичка акција во Германија

Десетици полицајци учествувале утринава во акцијата на германската специјална полиција во градовите Дизелдорф и Швелм каде што полицијата влегле во сместувалишта на осомничени исламисти.

Од објектите се одземени компјутери и документи, а во акцијата во покраината Западна Рајна Вестфалија во која биле пребарани неколку апартмани учествувала и специјалната антитерористичка единица ГСГ 9, која се употребува во исклучително опасни ситуации.

Според медиумските извештаи германската полиција очекувала осомничените да даваат отпор, а во
акцијата учествувале над 80 полицајци.

Цел на операцијата, покрај други локации, биле и два објекти во Дизелдорф и еден во Швелм, а според јавното обвинителство во Берлин осомничени со четири лица кои неофицијално во галвниот град на Германија се обидувале да набават лажни француски пасоши.

„Постојат јасни сомнежи“, изјавил за весникот Шпигел министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија Ралф Јегер, но засега никој не е уапсен. Според јавниот обвинител во Берлин засега нема поврзаност со терористичките напади во Париз ниту постојат докази за терористичка активност на осомничените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top